Двајца загинати во престрелка во Скопската чаршија

 Во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што објавија медиумите, престрелката се случила на улица „Самоилова“ во Општина Чаир, во близина на кафе барот „Шиша бар“. 

По престрелката, вооружените лица, побегнале со автомобил Ауди А6, кон скопската населба Шутка, каде го запалиле, објави Телма.

напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.

Според нивните извори, откако убијците ги нашле “таргетите” во кафе барот, почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Ј. К. викан Жила и Е. И.

Најчитани вести