Двајца браќа истепале полицаец на скопскиот аеродром „Александар Велики“

На 04.07.2015 година околу 05.45 часот пред објектот на Аеродром „Александар Велики“ – Скопје, полициски службеник бил физички нападнат од М.М.(23) и неговиот 15 годишен брат, двајцата од Скопје, при што го удриле со тупаници и клоци во пределот на телото.

Од страна на полициски службеници од ПС за ГП„Аеродром Александар Велики“, М.М. и малолетникот биле приведени во ПС и во присуство на нивниот татко А.М.(51), обавен бил разговор со истите. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош од страна на медицински лица во ТАВ. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести