Двајца чаирчани сами се пријавија за убиството на Леарт Адеми

Весникот Коха повикувајќи се на полициски извори објави дека двајца жители на Чаир од кои едниот малолетен сами се пријавиле дека со нож го нападнале 19-годишниот Леарт Адеми на 3-ти јануари. Полицијата и обвинителството првично за инцидентот го гонеа 19-годишниот Ардит А. и му поднесоа кривична пријава за тешки телесни повреди со смртни последици.

Според Коха двајцата се предале на полицијата и потврдиле дека се напаѓачи на убиениот Адеми и неговиот другар.

Нападнатиот другар на убиениот Леарт Адеми, тврдел дека напаѓачот е член на навивачката група Шверцери и во станица извршил препознавање на приведениот Ардит. Тој и неговите блиски тврделе дека нема никаква врска со смртта на врсникот Адеми.

Коха објавува дека грешката при препознавањето најверојатно е поради огромната сличност на уапсениот со еден од извршителите кои сега се приведени. Сведокот поради физичката сличност тврдел дека убиец е Ардит. По препознавањето на Ардит му е одреден 30-дневен притвор.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести