Рано утрово, околу еден часот по полноќ на скопскиот плоштад Македонија биле приведени данските државјани J.Х.(24) и J.С.(30), припадници на КФОР, кои според полицијата го нарушувале јавниот ред и мир.
Според податоците на полицијата, војниците под дејство на алкохол почнале да се соблекуваат во кафуле, а се расправале со персоналот и гостите. Покрај тоа, војниците на КФОР не сакале ниту да ја платат сметката, па побегнале. Како што информираат од полициската станица во Центар, 24-годишниот Ј.Х и шест години постариот Ј.С го нарушувале јавниот ред и мир. За инцидентот е известена и нивната команда во Косово.


