Две лица загинаа во силната бура во Франција, 53.000 домови останаа без електрична енергија

Најмалку две лица загинаа во силните грмотевици што во текот на ноќта ја зафатија Франција во овој последен продолжен топлотен бран, а 53.000 домаќинства денеска се останати без електрична енергија, објавија француските медиуми и локалниот оператор на електричната мрежа за дистрибуција Енедис.

Во Сен-Виктурниен, во централниот департман Горна Вјена, една жена почина откако дрво синоќа паднало врз неа, а на истокот од земјата, во Доломи, еден маж беше пронајден изгорен до смрт во работилница што се запали по удар од гром, објавија денеска француските медиуми.

Мрежниот оператор Енедис денеска соопшти дека 53.000 домаќинства се без електрична енергија, а прекините главно го погодија регионот Оверњ-Рона-Алпи на југоисток и Нова Аквитанија на југозапад.

Метеоролошката служба „Метео-Франс“ денеска го укина портокаловото предупредување за грмотевици за сите претходно погодени департмани во југоисточна Франција, по претходното предупредување за силен град и налети на ветрови од Централниот масив до Алпите.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет