Двојна радост: Бијонсе и Џеј Зи станаа родители на близначиња

Бијонсе се породи. Музичката дива и Џеј Зи им посакаа добредојде на овој свет на близначиња.

Среќната вест ја потврди извор близок на парот за реномираното списание People. „Бијонсе и Џеј Зи се многу возбудени и веќе започнаа да ја споделуваат веста со семејството и најблиските пријатели – изјавил изворот.

Бијонсе и Џеј Зи

Веста за втората бременост, 35-годишната пејачка ја сподели објавувајќи фотографија од трудничкото стомаче и кратка порака. „Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Благословени сме двојно. Многу сме благодарни што нашето семејство ќе порасне за два и ви благодариме за вашите добри желби“ – напиша таа.

Бијонсе

Славните музичари сè уште го немаат потврдено полот на близначињата. Тие заедно имаат уште едно дете – петгодишната ќеркичка Блу Ајви.

БијонсеБијонсе со семејствотоБијонсе со семејството

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести