Џемаили: Северна Македонија и Азербејџан имаат голем потенцијал за соработка во енергетиката, инфраструктурата, информациските технологии и агроиндустријата

Директорот на Invest North Macedonia, Рефик Џемаили, учествуваше на значајна билатерална средба заедно со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и министерот за економија на Азербејџан, Mikayil Jabbarov.

Средбата беше фокусирана на унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена, поттикнување на директни инвестиции и развој на заеднички стратешки проекти.

Како Агенција, остануваме целосно посветени на поддршка на ваквите иницијативи, со цел создавање нови можности за економско партнерство, одржлив раст и регионална стабилност.

Северна Македонија и Азербејџан имаат голем потенцијал за продлабочување на соработката во сектори како што се енергетиката, инфраструктурата, информациските технологии и агроиндустријата.

Изразуваме благодарност до Министерството за економија и труд и до сите институции и партнери кои активно придонесуваат кон развојот на ова значајно стратешко партнерство.

Фејсбук статус на Агенција за странски инвестиции

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести