Еден загинат во сообраќајка кај каменолом во Кичевско

Еден возач загинал во сообраќајка која се случила рано утринава на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар во близина на каменоломот на „Трансмет“ во местото Зли Дол, дознава Плусинфо.
Како што објасни Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, сообраќајката била пријавена в полиција во 7 часот утрово. До несреќата дошла кога товарно комби „ситроен џамбо“ со прилепски регистерски таблички удрило во камион-влекач паркиран надвор од патот.

Во несреќата загинал возачот на комбито, а како што објасни Стаматова, до пред 15 минути неговото тело не било извлечено од возилото и не е идентификуван.

Увидот е во тек.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести