Eдно лице на Ургентен – еве што се случувало во центарот на Скопје вечерва

Најмалку едно лице завршило на Урегентен по масовна тепачка која вечерва се случила во центарот на Скопје.

Како што објави Press24 тепачката најпрво започнала во Старата чаршија, а потоа продолжила од Камениот мост се до булеварот ВМРО во центарот на Скопје.

Нема официјални информадии кој учествувал во тепачката, дали биле две групи, или пак една поголема која нападнала еден човек. Очевидци велат дека повредениот има убодна рана од нож, а видливи биле и траги од крв. Тој почнал да бега по булеварот а една група луѓе го бркала со автомобил. Во тој момент пристигнала полицијата која веднаш интервенирала но групата напаѓачи почнале да бегаат со автомобилот по што следела кратка бркотница по скопските улици.

Полициските автомобили возеле со вклучени ротациски светла во спротивната насока. Од МВР и официјално го потврдуваат инцидентот и потврдуваат дека има неколкумина приведени но не откриваат повеќе детали. Потврдуваат дека едно лице е примено со повреди во Ургентниот центар но се уште нема информации каква е неговата состојба

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести