Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 20 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа „Нептун“.
– С.А.(44) од Неготино се здобил со повреди на главата и телото, а неговото патничко возило „Дачија логан“ со прилепски регистарски таблички целосно изгорело по сообраќајната несреќа што вчера околу 20 часот и 30 минути се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа Нептун, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски најпрво дошло до пукање на автомобилска гума по што возачот загубил контрола врз возилото кое излетало од патот, се превртело, запалило и многу брзо целосно изгорело. Возачот се извлекол од возилото и со повреди на главата и телото бил префрлен во тетовската клиничка болница каде по укажаната помош надвор од животна опасност е задржан за понатамошно лекување.
– По овластување на јавниот обвинител екипа на СВР Тетово извршила увид на местото од несреќата и според првичните информации пожарот во автомобилот го предизвикал монтиран плински уред што при превртувањето експлодирал, рече Јосифовски.
]]>


