Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Ј.И.(47) од Скопје бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22:20 часот починал, додека М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди – исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 21:40 часот.
-Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека јавниот обвинител издал наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот.
– По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe, се наведува во соопштението од Јавното обвинителството.
МИА
]]>


