Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 21.05 часот во Скопје на раскрсницата од бул.„Крсте Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“.
Во сообраќајката учествувале патнички моторни возила „Југо Скала 101“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Блаже И.(1981) од н.м Илинден-Скопје, „Голф“ со скопски ознаки, управувано од Ј.Џ.(1962) од село Студеничани и „Фолксваген Пасат“ со скопски регитерски ознаки, управувано од Ф.М.(1994) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Блаже, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ каде по укажаната лекарска помош, во 21.40 часот им подлегнал на повредите.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во „Југо Скала 101“ И.С.(1993) од н.м.Илинден – Скопје, која по укажаната лекарска помош е задржана на лекување во Клиниката за Гинекологија и Акушерство при КЦ-Мајка Тереза, И.Ц.(1948) од н.м.Илинден -Скопје и Б.Б.(1987) од н.м.Илинден, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во КЦ-Мајка Тереза, каде по укажаната лекарска помош се задржани на лекување.
Со телесни повреди се здобиле и Џ.М., Е.Ф.(1995) од Скопје – сопатник во „Фолксваген Пасатот“, С.И.(1991) од Скопје и А.О.(1990) од Турција, сопатници во „Голф“, на кои им е укажана лекарска помош во ГОБ-Св.Наум Охридски, по што се пуштени на домашно лекување.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОИСН-Скопје. По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција во институтот за судска медицина и вештачење, а возилата кои учествувале во незгодата се донесени во кругот на ОИСН при СВР-Скопје за вршење на технички преглед.
Во времето од 21.15 до 01.30 часот заради вршење на увид сообраќајот бил пренасочуван само на правците што водат према „Бит Пазар“.
]]>


