Македонската ракометна репрезентација ќе биде осетно засилена на претстојното Европско Првенство во Данска доколку се реализираат најавите дека Ренато Вугринец и Немања Прибак ќе го облечат дресот на нашиот национален тим на овој шампионат, пишува спортскиот портал Екипа. Според порталот Ракометната Федерација на Македонија веќе стапила во контакт со двајцата ракометари, кои начелно искажале подготвеност да заиграат за „црвено-жолтите“ во Данска. Со самото тоа, почната е и процедурата за добивање на државјанство, а потоа и на пасош, со што овие двајца искусни бекови би станале дел од македонскиот национален тим. Целата процедура треба да заврши до 10 декември, последниот датум за доставување на поширокиот список на репрезентациите за ЕП 2014.


