Денеска, точно една година по настаните од 24-ти Декември, пратениците што на тој ден застанаа против газењето на Уставот и законите, симболично го одбележаа.
Бели маици, однапред натпис слобода, позади пречкртано режим. Во нив облечени сите пратеници (опозициски), како и партиското раководство на чело со лидерот Зоран Заев.
Надвор, околу Собранието, полициски сили како за ланскиот 24-ти.
Медиумите беа присутни во голем број. Некој извести за настанот, некој не.
Еве дел од атмосферата во и околу Собранието.


