Актерката и модел Емили Ратајковски (31) веќе подолго време се забавува со комичарот Ерик Андре (39), а на Денот на вљубените објавија фотографија на која и двајцата се целосно голи.
„Среќен Валентајн“, напиша Андре и додал мноштво емотикони од срциња.
Андре на фотографијата позира целосно гол, а неговиот срамен дел го прикрил со емотикон. Во огледалото зад него се гледа Ратајковски која носи само градник и ја фотографира оваа опуштена сцена.
На подот се расфрлани алишта кои ги соблекле, како и шише вино.
Ратајковски и Андре за првпат беа видени заедно кон почетокот на јануари во ресторан во Њујорк. По тоа, беа „уловени“ уште неколку пати заедно. Парот веќе беше и на заеднички одмор на Кајманските острови, каде папараците ги снимија како разменуваат нежности.


