„Еовин“ ја опустоши Ирска: Се очекуваат ветрови и до 160 км/ч

Бурата Еовин ја погоди Ирска, а властите ги предупредија жителите да останат дома поради претстојните екстремни услови.

Се очекуваат ветрови до 160 км/ч, кои ќе претставуваат сериозна закана по животот и имотите. Поради оваа можна опасност училиштата и факултетите низ државата се затворени, а во прекин е и јавниот превоз.

Ирските власти предупредија дека невремето може да предизвика сериозни оштетувања на инфраструктурата и укажаа и на висок безбедносен ризик.

Поради неповолните временски услови, аеродромот во Даблин откажа повеќе од 110 летови кои беа закажани за денеска.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести