Естрадата го брани Шариќ: Бил добар човек и хуманитарец, а ќе го биде и за премиер!

Веста дека наркобосот Дарко Шариќ е уапсен, го израдува целиот регион, но не и лицата од естрадата, кои своевремено соработувале со него и настапувале во неговите дискотеки. Во негова одбрана застанале Бора Ѓорѓевиќ, Гога Секулиќ, Слаѓа Делибашиќ и Амадесус бенд, пишува српски „Телеграф“.

Фолкерката Гога Секулиќ не крие дека е разочарана што нејзиниот долгогодишен пријател е уапсен, истакнувајќи дека ќе го посети во затвор ако и се укаже можност за тоа.

„Жал ми е за Дарко, бидејќи ми е пријател. Веќе со години се води хајка против него, но верувам дека правдата ќе победи. Со него сум и во добро и во зло“, изјавила пејачката за „Информер“

Со неа се согласува фронтменот на групата „Рибја Чорба“, Бора кој смета дека Шариќ би бил добар премиер.

„Жал ми е што е уапсен, лично го познавам, но не знам со какви бизниси се бавел. Очигледно е сега дека бил само добар организатор. Настапував во неговата дискотека и за неговиот брат Душко, исто така имам најдобро мислење. Тие се совесни луѓе, добри. Шариќ би билодличен премиер. Тој е светец во споредба со некои политичари“, додал Ѓорѓевиќ.

И пејачката Слаѓа Делибашиќ имала само пофални зборови за него.

„Го познавам како добар и чувствителен човек, кој им помага на сите. Па знаете ли вие колку хуманитарни концерти одганизираше тој? Спрема мене секогаш беше фер, коректен и на дистанца. Имам најубаво мислење за него. За тоа дали е виновен или не, не можам да зборувам, бидејќи и мене се’ ми се има случено во животот“, изјавила пејачката.

Членовите на групата Амадеус во последните неколку години настапуваат на роденденот на ќерката на Шариќ, Николина, која е нивен голем обожавател.

]]>

Најчитани вести