Завршил бракот помеѓу водителот Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра по 18 години заеднички живот. Тие одлучиле секој да оди по својот пат и на почетокот на годината се разделиле. Како што пишуваат локалните медиуми, двајцата наводно многу брзо се договориле да се разведат со заедничка согласност и да го поделат брачниот имот, за сè да помине што побрзо и побезболно, најмногу за доброто на нивните две деца.
Милан веднаш прифатил станот да ѝ припадне на Сандра за таа заедно со децата да продолжат таму да живеат. Тој се преселил кај мајка му во центарот на градот и веќе извесно време живее таму, како што пренесуваат медиумите.
Водителот ќе ги задржи џипот и скутерот, кои секојдневно ги користи за да ги заврши сите свои обврски низ градот. На Сандра, покрај станот ќе ѝ остане и еден автомобил.
Калиниќ претходно зборуваше за врската со Сандра, а откри и голем број детали.
„Со Сандра сме заедно многу долго и сè повеќе уживаме. Како одминува времето се повеќе се дружиме, се смееме и се надополнуваме. Тие работи ние што ги имаме се ретки затоа што гледајќи ги другите луѓе сфаќам дека многумина се заедно само формално идека поради некоја причина го изгубиле тоа „нешто“ и дека веќе тоа не е тоа“, изјавил Милан во една прилика, пренесе „Гранд“.


