Еве како изгледаше заклетвата на Трамп, официјално стана претседател на САД

Доналд Трамп по вторпат стана претседател на САД. Точно во 18 часот тој положи заклетва во Капитол, со што официјално го започна својот мандат.

„Јас, Доналд Џон Трамп, свечено се колнам дека верно ќе ја извршувам функцијата претседател на Соединетите Држави и дека ќе направам се што е во моја моќ да го зачувам, заштитам и бранам Уставот на Соединетите држави, Господи нека ми помогне“, рече Доналд Трамп.

Четири години откако ја напушти Белата куќа по поразот, Доналд Трамп повторно се врати во седиштето на американското претседателство каде ќе ги помине следните четири години и ќе го наследи Џо Бајден. Доналд Трамп е 47-миот претседател на САД.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести