Познатата пејачка наполни 28 години, а нејзиното момче, кое упорно се обидува да го сокрие од јавноста, ја изненади, па пред насобраните гости и подари цела низа подароци кои ја оставија без зборови.
-Дечкото на Теa почна да работи кај неа минатата година како обезбедување. Не се разделија, одеа секаде заедно и малку по малку влегоа во врска. Веднаш и се допадна и насекаде летаа искри, па не помина долго време од кога почна да работи за неа до почетокот на романса. Теа е многу среќна покрај него, но сепак не сака јавно да го претставува како дечко – изјави пријател на пејачката.
Tei Tairović dečko priredio iznenađenje pic.twitter.com/ET06K6r60p
— Silvana (@Silvana71376830) April 25, 2024
На Теа многу и се допадна што се грижи за својот изглед и без престан вежба во теретана. Воопшто не му пречи одлуката да не биде експониран во јавност. Засега немаат никакви проблеми и одлично се разбираат – додаде соговорникот.
Извор: Pink.rs


