Евролига: ЦСКА и Барселона стигнаа до четвртите победи во групата

Кошаркарите на ЦСКА Москва и на Барселона ја забележаа победата број 4 во А групата од Евролигата и направија голем исчекор кон пласман во ТОП 16. ЦСКА во Москва беше поуспешна од Нантер со 72:60, додека Барселона славеше убедливо на гостувањето во Белград кај Партизан со 84:62.

На другите четири синоќешни натпревари од 6.коло во Евролигата постигнати се следниве резултати: Галатасарај – Монтепаски 54:52, Баерн Минхен – Зиелона Гора 71:78, Панатинаикос – Литвос Ритас 80:72 и Макаби – Лаборал 65:70.

Вечер играат: Фенербахче Улкер – Будивелник, Старзбур – Бамберг, Армани – Анадолу Ефес, Реал Мадрид – Жалгирис, Уникаха – Олимпијакос и Локомотив Кубан – Црвена Звезда.

Табели по групи:

А група: Фенербахче 5-0 (победи-порази), Барселона 4-2, ЦСКА Москва 4-2, Нантер 2-4, Будивелник 1-4, Партизан 1-5.

Б група: Реал Мадрид 5-0, Армани 3-2, Анадолу Ефес 3-2, Жалгирис 2-3, Бамберг 2-3 и Стазбур 0-5.

Ц група: Олимпијакос 5-0, Галатасарај 4-2, Баерн Минхен 3-3, Уникаха 2-3, Зиелона Гора 2-4, Монтепаски 1-5.

Д група: Локомотив Кубан 4-1, Макаби 4-2, Панатинаикос 3-3, Лаборал 3-3, Црвена Звезда 2-3, Литвос Ритас 1-5.

Најчитани вести