Европскиот првак Црна Гора елиминиран во осминафиналето на СП за ракометарки

Репрезентацијата на Данска синоќа во рамките на осминафиналето на Светското првенство во ракомет што се игра во Србија успеа да го елиминира европскиот првак Црна Гора. Минимална победа од 22:21 постигна Данска која во четвртфиналето во среда ќе игра против Германија.

Во редовите на Црна Гора ракометарките на Вардар СЦБТ, Јованка Радичевиќ постигна 2 гола, а Ана Ѓокиќ 1.

Германките во осминафиналето ја победија Ангола со 29:21.

Пласман во четвртфиналето изборија „вардарките“ од Франција Алисон Пино, Амадин Лејно и Сираба Дембеле откако ја победија Јапонија со 27:19.

Пино постигна 4 голови, Дембеле 2, а Лејно имаше 7 одбрани. Тие во четвртфиналето ќе играат против Полска, која оствари триумф над Романија со 31:29.

Денеска се играат другите осминафиналните дуели: Бразил – Холандија, Србија – Јужна Кореја, Унгарија – Шпанија и Норвешка – Чешка.

Најчитани вести