Две езера во регионот Патагонија, во Аргентина, oдеднаш станале розови, а зошто тоа се случило се уште не е познато. Локалните екологисти стравуваат дека овој „феномен“ може да е предизвикан од индустриска контаминација.
Езерата се лоцирани во близина на индустрискиот дел во предградието на аргентинскиот град Трелево и се наоѓаат на прашливата рамнина Патагонија. Во објавите на официјалната веб – страница на општината стои дека службениците на таа општина неодамна наишле на камион кој фрла отпад во одводот.
Сепак властите за локалните медиуми не дале конкретен одговор од што би можела да е предизвикана промената, а еколозите се многу загрижени.
]]>


