Фанк бенд прави пари од тишината

Американската фанк група „Валфпек“ измисли несекојдневен начин да заработи пари, пишува „Тек Кранч“.

Имено, бендот на страницата „Спотифај“ го објави албумот „Sleepify“, на кој се наоѓаат десет „песни“, кои поточно не се мелодија, туку целосна тишина.

Секоја „песна“ е долга по 31 или 32 секудна, бидејќи „Спотифај“ Ви исплаќа авторски хонорар ако некој ваша песна ја слуша подолго од 30 секунди.

„Валфпек“ се надеваат дека фановите ќе им помогнат да соберат малку пари и на тој начин да ги покријат долговите на бендот.

Албум го дистрибуира издавачката куќа „Вулф Рекордс“. Се претпоставува дека целиот приход од авторските права ќе оди во џебовите на членовите на групата.

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести