После испадот на вчерашната конференција, судбината на овој натпреварувач е многу неизвесна.
Јост Клајн, холандскиот претставник на Евровизија 2024, нема да настапи на генералната проба пред финалето, а според коментарите на јавноста, сигурно е дека нема да настапи ниту во финалната вечер!
Како што пренесуваат медиумите од местото на настанот, пристигна официјален мејл во кој се најавува дека Клајн нема да се појави на сцената во Малме.

– Истрагата за инцидентот со холандскиот уметник на овогодинешниот избор за песна на Евровизија се уште е во тек. Разговори се одржуваат и помеѓу ЕБУ и АВРОТРОС, холандскиот радиодифузер учесник. Додека истрагата продолжува, ЕБУ одлучи дека Јост Клајн нема да настапува за време на Генералната проба 2, натпревар за кој гласаат жири во 37-те земји учеснички. Наместо тоа, ќе се искористи неговиот настап од полуфиналето 2 – пренесуваат локалните медиуми.
Претставникот на Холандија од својот профил на Инстаграм, односно од своите приказни ги избриша сите фотографии и видео снимки поврзани со „Евровизија“, пренесува Србијаданас.


