ФФМ ѝ пиша на УЕФА: Бараме најстрога казна за Арнаутовиќ

„Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ“, информираше денеска ФФМ преку својата страница на Фејсбук.

„Како ,Куќа на фудбалот’ секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, порачуваат од ФФМ.

Oва е нивната реакција откако вчера Марко Арнаутовиќ откако ја затресе мрежата на Димитриевски, започна да го пцуе фудбалерот Алиоски. Арнаутовиќ беше толку бесен што го смируваше неговиот капитенот Давид Алаба.

Денеска Арнаутовиќ се извини велејќи дека „не е расист“.

„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани понесен од емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“ – напиша Арнаутовиќ на својот профил на социјалната мрежа.

Реакцијата на Арнаутовиќ по голот, за многу кратко време стана вирална на сите социјални мрежи, но и во медиумите од регионот. Сепак официјална реакција од УЕФА до сега нема.

]]>

Најчитани вести