Филипче: Владата нема намера да спроведе реформска агенда

Еден од индикаторите дека владата нема желба да направи некакви реформски закони е тоа што се случува во делот на спроведување на реформската агенда, порача во емисијата „Само интервју“ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Земени се парите од авансот од ЕУ кои земјите го добиваат однапред и потоа тие средства треба да се оправдаат. Има временска рамка во која точно се знае кои закони кога точно се носат. Сите закони во областа на правосудството требаше да се донесат до јуни месец 2025 година. Ниту еден не се донесе. Меѓу нив е и Законот за јавно обвинителство, Закон за судски совет, закон за движење на судски предмети, Закон за плати судии…Тие закони се врзани со средства и ако го промашите циклусот, јуни 2025, тогаш ќе треба да го чекате декември“ вели тој.

Филипче истана дека има сериозни забележи за Законот на судски совет каде не се имплементирани забелешките од оценската мисија.

„Законот за судски совет, треба да се смени согласно препораките на Оценската мисија на ЕУ и тоа го побара нашата Влада од Европската комисија. Ниту половина од препораките не се имплементирани во верзијата што ја прати Министерството за правда. Тоа значи дека ништо не се работи на реформите, а граѓаните тоа сакаат да видат, сакаат да видат правда“ рече Филипче.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести