Филипче: Власта води анти ЕУ кампања – изолацијата е алиби за криминал

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг посочи дека власта намерно ја турка земјата во изолација од Европската Унија, истакнувајќи ја антиевропската кампања чија позадина е криминал и корупција. Тој појасни дека изолацијата е алиби за криминал, а власта затоа води антиевропска кампања.

„Целта на оваа влада е да предизвика кај граѓаните негативна реакција кон Европската Унија, со што ВМРО и ЗНАМ добиваат олеснителна околност за оправдување на запирањето на процесите на интеграција. Зошто? Како што кажав, сè е намерно за да продолжи криминалот и корупцијата во земјава. Понатаму, изолацијата од ЕУ и мигрантите. Секој еден сегмент во општеството се уназадува. Владата одбива разговори на оваа тема, ги блокира преговорите, го одржува националистичкиот наратив, којшто е потребен само за нивна локална кампања. И со тоа не само што ниту се обидува да ги реши проблемите, туку проблемот се продлабочува со повторно отворање тема за македонскиот јазик. Наместо прогрес, наместо добрососедски односи, само блокади, само ноти, само изговори и причини за конфликт со соседите. И ова се сите делови од една посебна антиевропска кампања, која има за цел да предизвика кај граѓаните една негативна реакција кон Европската Унија.„ рече Филипче.

Центар за комуникации СДСМ

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести