Meѓу 40 највлијателни жени за дизајнери на напредокот на Форбс Бугарија се најде и Македонката Николија Цолова од Делчево.
Како што објави порталот „Делчево365“, таа е сопственик на клиника Перла-клиника за естетска стоматологија и естетска медицина, сопственик на првото и единствено Атеље за шиење за луксузна медицинска облека во Европа-Атеље Л’Перла и официјален дистрибутер за Бугарија на единствените пасти за заби со какао во светот Теодент.
Цолова ќе биде дел од сцената во „Хилтон Софија“ на 29 октомври 2024 година кога над 40 влијателни жени лидери, претприемачки, иноватори, бизнис ангели, технолошки амбасадори, истакнати дами од уметноста и спортот ќе се соберат на сцената на Форбс женски форум во Бугарија.
Како што пушува Форбс Бугарија „овие дизајнери на успех ја демонстрираат моќта на женската генијалност и со неуморен нагон да ја напишат следната страница на напредок“.


