Во сабота вечерта своето „да” го кажаа амбасадорот на РМ во Франција, Агрон Буџаку, и Мери Николова. Освен што се славеше љубовта, се прослави и роденденот на нивната деветгодишна ќерка. Николова и Буџаку имаат и шестгодишен син, Марк, пишува Вечер.

Чинот се случи во еден скопски локал, а сведоци беа Каролина Калеовска, долгогодишна пријателка на Мери и Фисник Саричи, сведок од страната на Буџаку.
Николова вели дека нивната 12 и пол годишна врска ги победила сите предрасуди и табуа.

Фото: Фејсбук профил на Мери Николова


