(ФОТО) Бред Пит за првпат со Инес де Рамон на црвениот тепих на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција

Додека ѕвездите од А-листата блескаат на „Лидо ди Венеција“ од почетокот на фестивалот, една посебна средба привлече големо внимание. Амал и Џорџ Клуни заедно со Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон направија сензација со пристигнувањето во романтичниот италијански град.

Сепак првото појавување на Бред и Инес на црвениот тепих беше едно од најочекуваните. Парот се заедно две години, но нивната врска досега ја држеа строго приватна.

Откако ги шармираа фанови со низа нежни и романтични гестови во претходните неформални појавувања (на трката во Формула 1 за Големата награда на Британија), многумина се запрашаа кога парот ќе зачекори заедно на некој од поважните филмски настани.
За време на премиерата на филмот „Волци“, во кој Бред Пит повторно глуми заедно со неговиот неразделен пријател Џорџ Клуни, Бред и Инес дојдоа заедно. Инес де Рамон блесна во бел фустан, драпиран дизајн со асиметрично деколте, комбинирано со сандали во металик боја.

Двајцата актери избрале црни костуми, но два различни стила – Бред Пит експериментираше со панталоните, додека Клуни се одлучил за покласичен крој.

Да потсетиме, откако последен пат заедно работеа на филмот „Burn After Reading“, претстојниот филм „Волци“ ќе биде нивниот седми заеднички филмски проект. Станува збор за двајца „самци“ кои се принудени да работат заедно откако ќе им биде дадена иста задача.

Заедно со нив во филмот ќе се појават и Остин Абрамс, Ејми Рајан и Пурна Џаганнатан.

Најчитани вести