(ФОТО) Цените на производите вчера и денеска – поевтинувања на лебот, млекото, јајцата, брашното

„360 степени“ вчера и денеска беше во обиколка на некои од поголемите маркети во Скопје со цел да направиме споредба на цените на основните производи пред и по владината одлука. Она што можеше да се забележи е дека маркетите ги имаат намалено цените на повеќе производи од списокот

Цена на производи од 19.09.2023 и од 20.09.2023 / Фото: „360 степени“

Повеќе од 24 категории производи од утринава се продаваат по пониска цена за 10 отсто од таа што ја имале на 1 август годинава. Оваа одлука Владата вчера ја донесе на седница и го утврди списокот на производи кои од денеска треба да се продаваат по намалена, гарантирана цена, и тие не ќе смеат да поскапат до 30 ноември. Станува збор за 24 категории и над 50 производи од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија, кои во маркетите треба да се продаваат со ознака „гарантирана цена“.

„360 степени“ вчера и денеска беше во обиколка на некои од поголемите маркети во Скопје со цел да направиме споредба на цените на основните производи пред и по владината одлука. Она што можеше да се забележи е дека маркетите ги имаат намалено цените на повеќе производи од списокот. Забележливо беше како вработените со испечатени етикети утрово ги менуваа цените. Во дел од маркетите, покрај намалената цена, беше ставена и ознаката „гарантирана цена“, а во други, иако цените беа намалени, оваа етикета сè уште ја немаше.

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата која „360 степени“ ја направи при обиколката во маркетите.

Во првиот поголем синџир на маркети што го посетивме цената на лебот од вчера до денеска е намалена за четири денари. До вчера белиот леб таму се продаваше за 33 денари, а денеска се продава за 29 денари.

Повеќе на линкот: 360 степени

Најнови вести

Најново од Економија