Еден трговец од САД уште пред два века ја има направено картата на САД, на која таа личи на свиња, со цел да ја промовира својата новоотворена свинска фарма. Тој видел неверојатна сличност помеѓу континенот и животните што имал намера да ги одгледува.
Се работи за Вилијам Бејкер, кој претходно имал здравствени проблеми и сметал дека хигиенските услови во кои се чуваат свињите се клучот за благосостојбата.
Картата е создадена во 1876. година и уште во тоа време била еден вид сатиричен коментар на американското прејадување.
Покрај неа, постои и една поинаква карта, речиси исто толку стара, но овој пат предмет на шега е Европа. Таа претставува политичка карикатура на европските земји и ја има направено Фредерик Руз.
Оваа мапа позната е под името Октопод мапа, а не е потребно да се објаснува и зошто.
]]>



