Околу 20 години имала девојката која утрово најверојатно се самоубила фрлајќи се од покривот на зградата на улицата Руди Чајевац во скопски Аеродром, објави Прес24.
Соседите велат дека девојката живеела на 9тиот кат, но дека се фрлила од покривот, поради што тие се сомневаат дека станува збор за самоубиство.
Од полицијата не откриваат детали додека не заврши увидот. Од таму се уште не го квалификувале ниту настанот, па официјално нема потврда дали станува збор за самоубиство или несреќен случај.


