Асоцијацијата се однесува на илјадниците деца кои лутаат поради антиимиграциската политика на САД и останаа со месеци заробени во „логори“ – домови за деца без родители, на кои не им е дозволен пристап во Америка.
Инаку, невладина организација ја тужеше администрацијата на претседателот Трамп поради третманот на децата разделени од своите родители, бидејќи се покажа дека им се давани психоактивни лекови, без знаење и дозвола на нивните родители. Наводно децата биле „дрогирани“ со месеци, тврди невладината во образложението за тужбата.
Против таквите политики на претседателот на Америка стана и првата дама, сопругата на Доналд Трамп, Меланија, која официјално изјави дека не се согласува со ова. Наскоро, Трамп издаде декрет дека Америка ќе ја прекине оваа практика.
Мислењата на Американците се уште се поделени, трогнати од сликите, но и од аудио снимката која беше објавена, каде може да се чуе плачот на децата штотуку разделени од своите родители.
]]>


