Експлозија во фабриката за полнење на плински боци “Балкан-Гас” – Богданци се случи утринава.
Граѓанин пријавил дека во фабриката има голем пожар.
Од полицијата потврдуваат дека добиле ваква пријава, додавајќи дека полициски екипи и јавен обвинител се упатени кон фабриката каде ќе се врши увид.
Неофицијално дознаваме од очевидци за повредени во несреќата.
Повеќе детали се најавени за подоцна.



