Националната фудбалска лига (NFL) ги зби своите редови и се обедини против контроверзниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Претседателот на САД, на републикаскиот митинг во Алабама, порача дека “ќе биде отпуштен секој оној кој не сака да стои исправен додека се интонира националната химна и ќе мора да бара друга работа”, а оваа порака наскоро беше објавена и на Твитер.
Американскиот претседател повика на бојкот на лигата и на исфрлање неколку играчи кои одбиваат да стојат во текот на изведувањето на химната, изразувајќи протест против полициската бруталност врз Афроамериканци.
“Кој не ја почитува химната, тој е кучкин син и треба да се избрка!”, изјави Трамп.

Како реакција на овие зборови, стотици играчи клекнаа со наведнати глави во текот на изведувањето на химната, после што тие остануваа седнати или се држеа за раце со тренерите, па дури и со сопствениците, изразувајќи солидарност со правата на оние кои Трамп ги осуди заради начинот на протест.
Специјални пораки стигнаа и од Лондон, Вембли, на натпреварот помеѓу Џексонвил и Балтимор, каде што играчите од двете екипи застана држејќи се за раце, заедно со тренерите, а им се придружи и сопственикот на Џексонвил, Шахид Кан.

Инаку, движењето “клекни”, лансирано од страна на поранешниот играч на Сан Франциско, Колин Каперник, предизвика мешани реакции минатата година, кога клекна додека се изведуваше химната, во знак на протест против насилството на полицијата против Афроамериканците.


