Извршната власт е и законодавна, министерот е главниот, оние што го избрале на тоа место, одат кај него по инструкции. На комисијата за буџет додека се разгледуваа амандманите, Силвана Бонева и Неџати Јакупи прашуваа дали и кои пратеници да зборуваат, кога да се јават на реплика или збор.
Инаку министерот е дојден за пратениците да го контролираат.
Само кои пратеници?
Се знае, само опозициските, другите не смеат да писнат. Видоа тие како помина пратеникот Влатко Ѓорчев кој дебатираше по амандман на опозицијата. Лично Ставрески му забрани да зборува и што е право, од тогаш уста не отвори.




