Бриф.мк: Какви производи можат купувачите да најдат во вашиот продажен центар?
Мебел-Ви на клиентите им нуди прифатливи и модерни решенија за дизајн и опремување на просторот, во согласност со нивните индивидуални потреби и начин на живот. Задоволни сме што можеме да им понудиме на клиентите повеќе опции, фантастичен избор и поволни цени кои ви овозможуваат да го трансформираат својот дом на најлесен и брз начин!
Атрактивни решенија што ги нуди Мебел-Ви вклучуваат производи за дневни соби, трпезарии, кујни, ходници, спални и детски соби, како и разни парчиња мебел за опремување на работни простории. Накратко купувачите можат да ја најдат новата стандардна колекција на производи од Мебел-Ви, дополнета со премиум програмата на Mondivi, колекцијата на готови производи од Status и најдобрите душеци во Македонија Allegro.
Бриф.мк: Какви се реакциите на вашите потрошувачи од Кумановскиот регион?
Стратешкиот концепт на работа на Мебел-Ви овие 21 година придонесува кон зголемување на лојалноста на потрошувачите и во крајна мера зголемување на бројот на верни купувачи. Купувачите, нашите партнери и јавноста го одобрија новиот пристап на Мебел-Ви кој понуди исклучително купувачко искуство за секого.
Производите од сегментот Мебел-Ви, препознатливи по својот квалитет и огромните предности пред останата понуда на нашиот пазар, претставуваат прв избор на оние купувачи кои сакаат квалитетен сертифициран производ, дизајниран да ја задоволи нивната потреба за удобен и функционален дом.
Бриф.мк: За крај, да Ве прашаме како ќе го одбележите роденденскиот повод?
Со цел да ја наградиме довербата на купувачите и нашите партнери, денес и утре 19ти Мај, во самиот салон организираме Роденденско Викенд дружење со многу изненадувања. Комплетно целата наша програма, повеќе од 1.000 артикли се со супер намалени цени, бесплатна достава и услови за плаќање на рати без камата. Со секоја нарачка следуваат и подароци за сите наши купувачи и посетители. Ве покануваме и вас и сите заинтересирани да го посетат нашиот салон и да бидат дел од оваа наша заедничка приказна.
]]>


