ФОТО: На кого личат нашите политичари – хит на македонските портали

Screenshot_1   Во ликот на Роси О’Донел, позната американска комичарка, ТВ-водителка, добитничка на 11 Еми награди,Вечер ја гледа пратеничката на Социјалистичката партија Владанка Авировиќ, а пратеничката Цветанка Иванова е пресликана Кирсти Али, холивудска дива позната по комедијата “Гледај кој зборува” и култната серија “Север и Југ”, но и по изјавите дека на снимањето и на двата филма смртно се вљубила во своите партнери Џон Траволта и Патрик Свејзи. Screenshot_2 Лидерот на ДУИ Али Ахмети алиас Стив Мартин. Иако Ахмети ретко кога можеме да го слушнеме да зборува, за разлика од Стив Мартин кој се прослави како стенд-ап комичар, сепак освен во физиономијата сличност Вечер најде и во насловот на неговиот последен филм “Што повеќе тоа подобро”. Screenshot_3 И ние си имаме своја Шакира. Таа е во сегашниот парламентарен состав и доаѓа од редовите на ДПА, а нејзиното име е Мерал Узеири Ферати. Вечер се прашува  дали Ферати игра стомачни танци како и нејзината двојничка исто добро колку што личи. Screenshot_4 Лидерот на Демократската партија на Турците, Ердоган Сарач пак е плукнат Ибрахим Татлисес, познат турски актер и водител. Единствена разлика е таа што гостиварецот е седокос и не ги бои косата и мустаќите со лихт црна боја како и неговиот турски двојник. Screenshot_5 Соња Мираковска од НСДП и популарната Џенифер Анистон не се во никакво сродство, па сепак си личат особено кога и Анистон носи очила. Screenshot_6 На шкотскиот актер Џерард Батлер кој се прослави со улогата на Кралот Леонидас во “300″, иако во својата кариера има глумено во триесетина други филмови, многу личи портпаролот на Социјалистите Малиша Станковиќ. Screenshot_7 Министерот за економија Ваљон Сараќини личи на познатиот пејач Крег Дејвид, најмногу поради харизматичната брада. Screenshot_8 Македонската верзија на Роберт Де Ниро Вечер ја виде во лидерот на ДПА Мендух Тачи.

 

За поранешиот лидер на најголемата опозициска партија Бранко Црвенковски спред Вечее било тешко да се најде двојник. Тој е посебен во секој поглед. На крај тие Црвенковски го видоа во ликот на Николас Кејџ ако за ништо друго тогаш заради шмекерскиот настап.

Лилјана Поповска од ДОМ не е “очајна домаќинка” иако многу личи на Марша Крос, алијас Бри од оваа популарна серија.

Пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска е иста Мег Рајан. И двете имаат драстични трансформации кога е косата во прашање.

Кој рече дека ние немаме и своја Ријана? Ете ни ја Наташа Савова.

 

Ермира Мехмети од ДУИ е иста Линдзи Лохан иако првата е успешна политичарка, примерна сопруга и мајка а втората е успешна актерка но и една од најконтроверзните и проблематични ликови во Холивуд.

 

Една од најетичните другарки во серијата “Сексот и градот” Шарлот (Кристин Дејвис) е слична со пратеничката на СДСМ Маринела Тушева.

 

 Ане Лашкоска слободно може да конкурира за двојничка на Опра Винфри, а Иван Стоиљковиќ за Џон Траволта.

 

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, пак, наликува на Том Круз.

 

Еден од најдобрите и најпродуктивните холивудски актери Том Хенкс може да се спореди со македонскиот претседател и по ликот и по успешноста – секој во свој домен Ѓорге Иванов.

  

Џеват Адеми пак е многу сличен со популарниот американски актер Вили Гарсон кој кај нас се прослави со “Сексот и градот”.

 

 Американскиот актер Саверио Гуера, кој се прослави со улогата во хумористичната серија “Бекер”, а чиј физички изглед е многу сличен со премиерот Никола Груевски.

Амди Бајрам е дефинитивно Кока-Кола.

 

Преземено: Вечер.ком.мк]]>

Најчитани вести