Актерката Ева Лонгорија е позната како едно од „најжешките“ тела во Холивуд. Сепак, дури и таа се почувствувала малку „несигурно“ за фотографирањето за насловната страница на шпанското „Ел“ списание.
Признава дека се чувствувала „гола“ за фотографијата за декемврискиот број на списанието, кога на себе носела само „маклу“ Сваровски кристали и ништо повеќе.
Ева позирала на клупа, полусвртена кон апаратите, косата ѝ била исфенирана со гламурозни кадрици, а од шминка имала само темна сенка за очи.



