Најновиот тренд кога станува збор за „селфи“ фотографии е можеби и најболното нешто што го имате видено на интернет: си прават фотографии со бездомници.
Џејсон Фајфер на тематските блогови документирал некои општествени феномени, како на пример, „селфи“ на погреби, „селфи“ на сериозни места (како Чернобил)… па така и „селфи“ и со бездомници.
-Една од најинтересните работи на социјалните мрежи е тоа што различни луѓе прават исти работи, а не знаат едни за други. Се прашувам зошто некои чудни идеи стануваат се почести, изјавил Фајфер за „Бизнис инсајдер“.
-Безмилосните и деградирачки фотографии се направени најчесто од тинејџерите, а нивниот израз на лицето покажува дека лудо се забавуваат како да се во Дизниленд, додава тој.
Авторот на овие необични блогови ги повика овие лути тинејџери да донираат пари за организациите кои им помагаат на бездомниците.
]]>


