(ФОТО) Не беше само ветување: Покрај автопатот Миладиновци – Штип навистина се засадени багреми

Пред околу една година, поточно на 6. јули 2019. автопатот Миладиновци-Штип беше свеченп пуштен во употреба. Овој автопатот можеше да се користи за сообраќај од 5 јуни 2019.

На свеченото отворање тогаш премиерот, Зоран Заев вети дека на косините долж автопатот ќе се засадат 600 илјади садници багрем.

„Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. 10 отсто како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90 отсто сите ние даночните плаќачи ќе го враќаме кредитот кој што е поволен за вакви инфраструктурни проекти. Овој модерен автопат е лице на новата, модерна Северна Македонија“, рече тогаш поранешниот премиер Зоран Заев.

Автопатската делница во должина од 47 километри почна во февруари 2014 година, кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, но до март 2017 година до кога беше планирано да се заврши, тие не успеаа да го довршат, по што со неговото градење продолжи новата власт на чело со СДСМ.

Градежните активности на автопатот Штип – Миладиновци се одвиваа вкупно 4 години и 8 месеци, од февруари 2014 до декември 2018 година, при што најголем интензитет на градење се случувал во периодот од 2017 до 2018 година. На оваа автопатска делница првично имала вредност од 226,7 милиони евра, но направена е заштеда од 44 милиони евра со што овој автопат е реализиран со вкупно 177,3 милиони евра.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри.

Овој автопат е од голема важност за поврзувањето на источниот регион, но исто така голема улога игра и зелениот појас околу него особено за загадувањето на околината и заштитата на животната средина и животните.

А.Т.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести