(ФОТО) Претепан Елвис Бајрам

Градоначалникот на Шуто Оризари и син на Амди Бајрам, Елвис Бајрам, попладнево бил претепан во неговата населба. Тој е примен во болницата 8ми септември, потврди директорот на болницата, Христијан Костов за Фокус.

Директорот, информираше дека Бајрам е надвор од животна опасност. Санирана му е една рана и сошиен е со 5-6 конци.

Од МВР за порталот Плусинфо кратко потврдиле дека имало пресметка во Шутка, но не дале дополнителни информации.

Градоначалникот на општината Шуто Орузари, кој е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, е претепан со метални шипки и со тешки повреди и во безсознание е однесен во болница.

Најчитани вести