Откако британскиот таблоид “The Sun” објави фотографии на кои принцот Хари го допира коленото на актерката Џена Колман, медиумите веднаш тргнаа со гласините за новиот кралски пар.
Фотографиите се снимени после еден поло натпревар, а фоторепортерите успеале да го фатат моментот на „невнимание“ на заљубените гулапчиња.

Меѓутоа, она што многумина го забележаа е фактот дека младата Џена неодоливо потсетува на војвотката од Кембриџ.



