Семејството Ражнатовиќ неодамна доживеа трагична ситуација, кога ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето во петтиот месец од бременоста. Лошата вест со јавноста ја сподели нејзиниот партнер Немања Гудељ, кој побара разбирање за ситуацијата и се заблагодари за поддршката.
Во овој тежок период, Анастасија, која до неодамна беше во Севиља, се врати во Белград за да биде со нејзиниото семејство и мајка ѝ, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

По Белград, таа заминала во Требиње, каде времето го поминува со Немања, но и со неговиот брат Драги и неговата партнерка.
„Анастасија се врати во Србија кога Немања на најдобар можен начин ја заврши сезоната, влегувајќи во Лигата на шампионите. Тоа ни значи во овој тежок момент и е голема сатисфакција и мотивација да продолжиме понатаму. Сакам да кажам дека бев многу среќена, Анастасија ј немав видено олго време. Таа е таму од јануари, со Жељко ги посетивме 7 дена, но тоа не беше доволно. Со нетрпение го очекав нејзиното доаѓање“, изјави Цеца и дополни дека е среќна што можат да бидат заедно во ваков тежок момент.
Цеца вели дека целото семејство е со Анастасија и дека сите се обидуваат да ѝ го одвлечат вниманието.


