Бетис и Рајо Ваљекано викендов ги поделија бодовите (2:2) во шпанската Примера и тоа со гол на гостите во судиското продолжение. Но, она што е интересно е дека на овој бод му се израдува само еден навивач на гостите. кој беше на делот од трибините наменет за гостинските фанови. Сепак, иако беше сам, тоа не му пречеше да се забавува, па бодот го прослави танцувајќи сам на целата трибина.



