На Skopje Run 10K во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов со 32:47 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:28 минути. Од женските прва беше Адријана Поп Арсова со 38:28 минути, второто место го зеде Милјана Ристиќ со 39:06 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 39:59 минути.
Од штафетната трка најдобри беа NRC – NIKE + RUN CLUB со 40:20 минути, по нив 091RUNCRW & SKIRIS со 45:15 минути и трети завршија H&W-SKOBUL со 45:58 минути.
По трката и на првите три според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на Skopje Run 10K во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски луб Работнички и Атлетската федерација на Македонија. Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт, а покровител е Град Скопје.
Трката е помогната од официјалните партнери и спонзори.
]]>


