ФОТО: Сопругата му заминува на Марс и никогаш нема да се врати

За само 11 години Џејсон Стенфорд ќе мора засекогаш да се збогува од својата сопруга, 36 годишната Соња ван Метер.

Името, Соња е избрана за патот без враќање на Марс, во рамките на контроверзната мисија „Mars One”, чија цел е воспоставување на првата човечка колонија на Црвената планета.

И покрај бројните критики на научниците, првото летало со четворица луѓе кои ќе се упатат кон Марс ќе полета 2026 година, а потоа на секои две години по нови четири лица ќе бидат испраќани кон Црвената планета.

Стенфорд и неговата сопруга, кои во Вирџинија живеат со двајцата нивни синови, ја подржуваат мисијата и мило им е дека член на нивното семејство ќе учествува во овој потфат.

-Соња многу ќе ми недостига, но доколку мисијата успее, ако воспоставиме колонија на Марс, тоа засекогаш ќе ја промени историјата на човештвото, изјави Џејсон кој додаде дека тој и неговата сопруга се нашле на мета на критики како од семејството, така и од пријателите.

Соња неодамна гостуваше во една телевизиска емисија во која ги објасни причините за своето заминување.

-Одиме таму, имаме план. Не одиме да умреме, туку да живееме, изјави Соња.

За патот на Марс беа избрани стотина луѓе, а се пријавија повеќе од 200.000.

-Сфатив дека таа тоа го сака и престанав да се борам против мисијата. Ние сме само еден обичен брачен пар во необична ситуација и правиме еден мал чекор за човештвото, изјави Џејсон.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести