Тејлор Свифт на средба со принцот Вилијам (ФОТО и ВИДЕО)

Во еден од своите најголеми хитови, песната „Love Story“, таа пееше „Ти ќе бидеш принц а јас ќе бидам принцезата“. И тоа се реализира. Тејлор Свифт на Canterpoint Гала вечерата во Кенсингтон палас, се сретна со принцот Вилијам. Во волшебен бел вечерен фустан до израз дојде нејзината беспрекорна фигура. Со доаѓањето на прекрасната убавица беа воодушевени сите, вклучувајќи го и принцот. Горниот дел од фустанот е извезен со златни нишки во мали орнаменти, под кој ѕирка кожата или префинета ткаенина која делува како природна кожа. Тешко е да се распознае границата, бидејќи фустанот е совршено направен. Долниот дел од фустанот, целосно бел дел, прекрасно се спушта до земјата во неправилен круг, како природен водопад, паѓа на земјата.

Принцот Вилијам организира na 26-ти ноември хуманитарна вечер za да и помогне на организацијата „centrepoint“ кои се занимаваат со бездомниците. Сепак, никој не очекуваше дека тоа ќе биде повод да се фати за микрофонот.

За кралската свадба ја ангажираше младата британска пејачка Ели Гулдинг, а за меморијалниот концерт во спомен на принцезата Дијана веќе резервира голем број на музичари.

Сега на помош ги повика Бон Џови и Тејлор Свифт.

Најчитани вести